Големи луѓе
Големите луѓе се елитата и владејачката класа во Вашата империја. Секоја империја си има сопствени големи луѓе - император, благородници, членови на императорскиот двор, кои управуваат на различни позиции. Овие луѓе се раѓаат и умираат, а на нивното место се појавуваат нови. Во градбата Дворец можете да ги видите сите Ваши благородници и да ги назначувате на одредени позиции со кои помагаат во економскиот и воениот развој на империјата. Можете да ги омажите/ожените за други луѓе и по таков начин да склучите династички мир со други играчи.
Шансата за природна смрт се појавува на 50 години и се зголемува со возраста. Истражувањето Медицина ја намалува оваа шанса за смрт со одреден процент.
Императорска фамилија
Секој играч ја започнува сезоната со нова автоматски создадена фамилија во која има Император, Императорка, првороден Наследник и новороденче. Императорската фамилија од секој играч има семејно стебло кое прикажува 4 генерации и е составено од директни потомци на императорската двојка - деца, внуци и правнуци. Член од императорската фамилија може да склучи брак со член од императорска фамилија или благородници од императорскиот двор на друг играч, т.е. возможен е брак помеѓу големи луѓе од две различни империи.
Император
- Императорот е најголемиот помеѓу сите Големи луѓе и тој владее со империјата. Освен што е на чело на империјата може да зазема и други позиции. Тој е гувернер на престолнината од почетокот на сезоната и тоа му дава поени искуство од самиот почеток. Не е потребно да биде назначен на оваа позиција и никој не може да му ја одземе. Императорот исто така може да ја заземе и позицијата на генерал-заштитник. Како генерал-заштитник, може да ја заштитува престолнината. Како генерал во напад може да биде испраќан во напади против други играчи. Кога тој е назначен на соодветните позиции, тој добива бонуси кои ги немаат другите луѓе во империјата.
- Императорот има некои гувернерски вештини кои не може да ги поседува никој друг гувернер освен него. Тој има и друга дополнителна особина - Нечесен, која може да ја придобие само тој. Таа може да се добие повеќе од еднаш и нејзиниот ефект се собира. Оваа особина не се наследува и се добива ако се прекршат правилата на династичкиот брак како последица од нарушување на династичкиот мир.
- Императорот не живее вечно и порано или покасно треба да биде наследен. Император може да стане наследник и од машки и од женски пол. Избирањето на наследник се извршува автоматски од системот или рачно од играчот.
- Императорот може да биде убиен, т.е. може да се изврши преврат и на негово место да биде назначен нов император. Во овој случај играчот самиот одлучува да го убие својот император со цел предвремено наследување на престолот од наследникот.
Наследување на престолот
Кога императорот ќе умре, за негов наследник автоматски се избира првороденото дете на императорската двојка. Но, играчот за наследник може да ја избере и императорката, некој од внуците или од благородниците или некој подалечен роднина. Наследувањето на престолот може да биде и автоматски зададено од системот. Ако се избере да се круниса некој од благородниците или другите роднини, ќе има промена и во императорското семејно стебло, освен ако не е назначен член од императорската фамилија. Наследникот поседува една наследна особина која ја има единствено само тој и никој друг не може да ја поседува.
Автоматско наследување
- Ако императорот е жив и нема живи деца, но има живи внуци и правнуци, системот автоматски избира наследник од внуците и правнуците на императорот.
- Ако императорот умре и има деца, неговиот првороден син или ќерка е крунисан за император/императорка и се преместува на чело на семејното стебло заедно со неговиот сопруг/сопруга.
- Ако императорот умре но нема деца, тогаш наследник автоматски станува неговиот најстар брат или сестра и се преместува на чело на семејното стебло заедно со неговиот сопруг/сопруга.
- Ако императорот умре но нема деца, браќа и сестри, тогаш неговиот наследник се избира автоматски од списокот ’Други роднини на императорската фамилија’.
- Ако императорот и наследникот умрат, а единствениот роднина пред нивната смрт бил испратен во туѓа империја за склучување на династички брак, ќе биде создадена нова императорска фамилија. За испратениот роднина се возможни следните опции:
- Ако предлогот за брак не е прифатен, испратениот роднина исчезнува и не се враќа во империјата.
- Ако предлогот за брак е прифатен иако големиот човек нема живи роднини во родната империја, династичкиот мир се смета за потпишан.
- Ако после смрт на император кој нема наследници, автоматски за негов наследник биде избран голем човек кој нема свои наследници (деца, внуци, правнуци, браќа и сестри), тогаш неговиот наследник ќе биде назначен од списокот ’Други роднини на императорската фамилија’.
Рачно наследување
- Ако императорот умре, но играчот ја назначил неговата жена - императорката за наследничка и обратно, ако императорката умре, но играчот го назначил нејзиниот маж за наследник, вдовецот/вдовицата не можат да се омажат повторно. Таа/тој продолжува да е во жалост до крајот на нејзиниот/неговиот живот.
- Ако императорот умре и играчот за Престолонаследник избрал Благородник кој е во брак со некое од децата на императорот, името на династијата ќе се промени и Благородникот ќе стане новиот Император/Императорка.
Други роднини на императорската фамилија
Со промената на императорот се менува и општеството на големите луѓе. Сите роднини на починатиот или симнатиот од престол император се преместуваат во одделно мени во дворецот кое се нарекува ’Други роднини на императорската фамилија’.
- Ако биле омажени и нивниот сопруг/а умреле, тие не можат да започнат нов брак. Сите други кои немаат склучено брак, можат да земат маж/жена.
- Не можат да имаат деца.
- Тие можат да бидат избрани за наследници на императорот.
- Тие можат да бидат назначени за генерали или гувернери.
Династички бракови
Секој голем човек може да стапи во брак откако ќе наврши 16 години, а потоа може да добие до 4 деца. Членовите од семејното стебло не можат меѓусебно да стапуваат во брак (со своите роднини) и не можат да се склучуваат бракови помеѓу членови на семејното стебло и членовите од списокот "Други роднини на императорската фамилија". Склучувањето брак е неповратен процес. Тоа значи дека кога играчот ќе омажи/ожени еден голем човек за друг голем човек, тој брак нема како да биде прекинат. Ако еден од сопрузите почине, другиот добива социјален статус вдовец/вдовица и не може повторно да стапи во брак.
Кога еднаш е склучен династички брак помеѓу две империи, тоа значи дека тие склопиле мир и не смеат меѓусебно да се напаѓаат и шпионираат.
Секој играч може да ги испраќа своите големи луѓе да се омажат/оженат во друга империја. Склучувањето бракови води до династички мир помеѓу двете империи и зацврстување на врските помеѓу нив. Во другите империи можат да се испраќаат неомажени/неоженети големи луѓе ако тие станале полнолетни, претходно не биле во брак, не се на мисија надвор од империјата, не се во процес на обука или надоградување на нивните нивоа со помош на ресурси; не се назначени за гувернер или генерал. Тие исто така мора да бидат од императорската фамилија или од списокот ’Други роднини на императорската фамилија’. Императорот и наследникот не можат да бидат испратени за брак во друга империја.
Еден играч може да испрати N број на големи луѓе во империите на други играчи се додека има слободни места во редот ’Кандидати за брак’. Овде има вкупно 3 места. Ако еден предлог е одбиен, следниот предлог за брак помеѓу двете империи може да биде испратен после 12 часа. Играчот може да го игнорира предлогот за брак. Тоа се случува пасивно, значи не е потребно играчот да изврши некоја одредена операција. Предлогот за брак се смета за игнориран 12 часа откако бил испратен ако за тоа време не била примена или одбиена поканата од другата страна. Како резултат на ваквото пасивно игнорирање,не е дозволен династички брак помеѓу двете империи во наредните 12 часа.
Мирот помеѓу династиите завршува по мирен пат при смрт на големите луѓе испратени во туѓите империи и смрт на сите нивни наследници. Сите роднини на таков човек треба да умрат за да заврши мирот. Кога мирот е завршен по мирен пат, не се одзема чест и императорот не добива особина - Нечесен.
Нарушување на династички брак/мир
Мирот е нарушен со шпионирање и напаѓање помеѓу двете империи. Империјата која го нарушила мирот со тоа што испратила напад или извршила шпионажа ќе ги сноси следните последици:
- Играчот што го нарушил династичкиот мир се казнува со -10 поени чест.
- Императорот на империјата што го нарушила мирот добива посебна особина - ’Нечесен’ и таа стои на неговиот профил до неговата смрт.
Ако играч A има склучен династички мир со играч Б и играчот А се обиде да го шпионира играчот Б неуспешно, тогаш играч Б има право да го прекине мирот без казни, бидејќи не е тој оној кој попречил. Кога играчот Б ќе го прекине династичкиот мир со играчот А, А ги сносува следните последици: загуба на 10 поени чест и додавање особина ’Нечесен’ на профилот на императорот.
Играчот А и играчот Б имаат склучено династички брак. Играч А го шпионира Б и успешно се инфилтрира во неговата империја. Б ги гледа шпионите од А во подменито за контрашпионажа и ако го притисне копчето за контрашпионажа се смета дека династичкиот мир е прекинат, а А ги сносува казните.
Играчите можат да им се спротистават на агресорите во списокот во мени ’Агресори’. Првиот напад против нив нема да има негативен ефект или казна по честа. Имајте во предвид дека казната од 4 поени чест за напад Грабеж секогаш важи.
Благородници
Благородниците се Големите луѓе од благородништвото кои се прославиле во битка или во општеството. Тие можат да влезат во Императорскиот двор само ако играчот им дозволи. Постојат 8 места во Дворот за вакви Благородници. Кога играчот е во пониска фаза од развојот на дворецот, има ограничување за бројот на Благородници што може да ги додаде. Благородниците можат да бидат ослободувани за да се ослободи место за новите. Играчот може да исфрла членови од императорскиот двор (сите прифатени благородници) независно од нивото на дворецот и така може да направи место за нови членови. Ако играчот не го прифати предложениот благородник за 24 часа, тој ќе исчезне од прозорецот со семејното стебло.
Благородниците можат да стапат во брак со членовите на Императорската фамилија. Кога Благородник ќе се ожени за член на Императорското семејно стебло, тој станува дел од фамилијата и може да биде назначен за Престолонаследник. Благородниците во Императорскиот двор не можат да го наследуваат престолот.
Обичните граѓани од империјата имаат шанса да станат Благородници. Системот предлага мажи и жени кои можат да бидат додадени во императорскиот двор. После секоја победена битка против играч во опсег x2 на нето економски поени, има 25% шанса системот да создаде предлог за Благородник - маж или жена. После секоја добиена битка против играч кој е надвор од опсег х2 на нето економски поени, шансата системот да создаде предлог за благородник - маж или жена е 3%. После секоја добиена битка против независен град, шансата системот да создаде предлог за благородник - маж или жена е 3%. На секои 12 часа има 25% шанса системот да создаде предлог за маж или жена Благородници.
Соба за благородници
Место од каде може да се стекнете со благородници. Се наѓа во горниот дел на екранот, како и во Таверната. Еве како функционира:
• Преку дијаманти можете да купувате ковчези од кои гарантирано ќе добиете Големи луѓе;
• Возраста и вродените таленити на добиените благородници се одредуваат на случаен принцип;
• Колки е поредок видот на ковчежето, толку е и поголема шансата да Ви се падне благородник со соодветната реткост;
• Има можност да се падне благородник со шести вроден талент;
• Сите Големи луѓе купени од Собата за благородници можат да бидат додавани во делот за благородници во дворецот. Во делот за благородници има неограничен број места;
• Благородниците од Собата за благородници кои се кандидати за брак, се наоѓаат под фамилијарното дрво.
Имиња на големите луѓе
Имињата на Големите луѓе содржат име и презиме кои автоматски им се даваат од системот. Кога жената ќе се омажи, таа го зема презимето на мажот. (Исклучок има само во арапските светови во кои жените остануваат со сопствените презимиња). Децата кои се раѓаат го земаат презимето од таткото. Кога ќе се создаде нов голем човек од системот, тој има автоматски избрано име и презиме. Ако за наследник на императорот е избран негов син или благородник, тогаш неговите деца секогаш ќе го носат неговото презиме. Ако играчот избере престолонаследничка (ќерка на императорот или благородничка) која после наследување на престолот ќе се омажи за Благородник или член на Императорската фамилија, нејзините деца ќе го добијат нејзиното презиме. Ако ќерката на Императорот или Благородникот била омажена за Благородник или член на Императорската фамилија пред да биде назначена за Престолонаследничка, тогаш нејзините деца ќе го носат презимето на нивниот татко.
Дворец
Дворецот е местото каде што живеат сите Големи луѓе. Може да биде изграден само во Престолнината. Во него се наоѓа информација за секој Голем човек во империјата и архива за императорите кои претходно владееле. Овде се достапни и специјалните бонуси кои ги дава Императорската фамилија. Од дворецот можат да се назначуваат гувернери и генерали, може да се подигнуваат нивните нивоа искуство, може да се порачуваат бракови и да се избираат наследници. Основната цена за негова изградба е 250 дрво, 250 железо и 500 камен, а максималното ниво е 30. Од Дворецот играчите имаат можност да создаваат и развиваат своја сопствена императоркса фамилија и да назначуваат благородници на различни позиции. Има две дополнителни крила кои можат да бидат изградени во секој дворец: Гувернерски штаб и Генералштаб.
Гувернерски штаб
Секое ниво после првото на Гувернерскиот штаб го зголемува за 5% добиеното искуство од обука. На секои 2 нивоа Гувернерски штаб се дозволува паралелна обука на уште еден голем човек со тоа што на 16-то ниво може паралелно да се обучуваат до 8 големи луѓе. Максимално ниво е 16. За првото ниво на градбата е потребно изградено 1-во ниво Дворец.
На почетокот секој гувернер има прво ниво искуство и гувернерскиот штаб е на ниво 0. Играчот може да го подигне нивото искуство на своите генерали преку собирање поени од времето додека тие се на позиција или преку плаќање за нивната обука. За да обезбеди платена обука, играчот треба да изгради гувернерски штаб. Системот дозволува да го изберете периодот (помеѓу 1 и 48 часа) за кој да биде обучуван големиот човек и според него тој ќе добие одредено количество искуство
Гувернер
Гувернерот е голем човек кој е назначен да управува со провинција, колонија или трговска станица. Секој голем човек може да биде назначен за гувернер на само една провинција, колонија или трговска станица. Големиот човек може да биде назначен само кога ќе стане полнолетен. Императорот, кој по правило е гувернер на престолнината, не може да биде назначен како таков во другите провинции, колонии или трговски станици. Гувернерот може да биде назначен за Генерал во напад и Генерал-заштитник. Еден единствен голем човек може истовремено да биде и гувернер и генерал во истата провинција или колонија. Од друга страна, не може да биде Гувернер и Генерал-заштитник во две различни места и не може да биде назначен за Генерал-заштитник на повеќе од едно место. Гувернерот почнува да собира искуство веднаш после неговото назначување на позицијата. Гувернерите добиваат поени за нивното време на управување. Еден поен искуство се добива за 1.5 мин. Највисокото искуство што може да го достигне еден гувернер е 20. Императорот има бонус на оваа граница - тој може да добие 30 поени искуство.
Напомена: Искуството за гувернер се добива само додека големиот човек е на позицијата. За времето кога големиот човек водел битки или кога играчот не го назначил на позицијата, не добива искуство.
Генералштаб
Секое ниво после првото на Генералштабот го зголемува за 5% добиеното искуство од обука. На секои 2 нивоа Генралштаб се дозволува паралелна обука на уште еден голем човек со тоа што на 16-то ниво може паралелно да се обучуваат до 8 големи луѓе. Максимално ниво 16. За првото ниво на градбата е потребно изградено 1-во ниво Дворец.
На почетокот сите генерали имаат прво ниво искуство и генералштабот има ниво 0. Играчот може да го подигне нивото на искуство на своите генерали преку собирање поени од водени битки или преку плаќање на нивната обука. За да обезбеди платена обука, играчот треба да изгради Генералштаб. Системот дозволува да го изберете периодот (помеѓу 1 и 48 часа) за кој да биде обучуван големиот човек и според него тој ќе добие одредено количество искуство
Генерал
За да биде назначен за генерал, големиот човек треба да станал полнолетен. Постојат два вида генерали:
- Генерал во напад: ја води напаѓачката војска против други провинции, колонии или воени станици. Секој голем човек може да биде генерал во напад само на едно место. Кога Генерал во напад изгуби опсада на тврдина, битка на поле или грабеж, постои 5% шанса да биде убиен. Императорот не е исклучок и исто така може да биде назначен за Генерал во напад. Кога император, назначен за Генерал во напад, изгуби опсада на тврдина, битка на поле или грабеж, постои 1% шанса да биде убиен. Генерал во напад може да се назначува при испраќање на напади од играчот. Овие генерали ќе учествуваат во битките против други играчи. Назначениот генерал има влијание врз целата војска со неговите специјални бонуси и вештини. После крајот на нападот, играчот повторно треба да избере генерал во напад за следната битка. Позицијата не е постојана и важи само за време на нападот. Во случај генералот во напад да почине пред да удрил нападот, генералот нема да учествува во битката. Со една војска во напад може да биде испратен само еден генерал. Секој голем човек може да биде генерал во напад само во една мисија во исто време. Голем човек може да биде гувернер и да биде испратен за генерал во напад од истата провинција, колонија или воена станица. Може да биде гувернер на едно место и да биде испратен во напад од друго. Меѓутоа, никогаш не може да учествува во два напади истовремено.
- Генерал-заштитник - ја води војската која ја брани престолнината, провинција, колонија или воена станица. Секој голем човек може да биде Генерал-заштитник само во една провинција/колонија/воена станица. Ако Генералот-заштитник загуби опсада на тврдина, битка на поле или грабеж, постои 1% шанса да биде убиен. Големите луѓе можат да бидат назначувани за Генерали-заштитници кои ќе ја заштитуваат избраната провинција/колонија/воена станица. Секој голем човек кој станал полнолетен (наполнил 16 години) може да биде назначен за Генерал-заштитник. Тоа важи и за императорот. Ако император, назначен за Генерал-заштитник, загуби опсада на тврдина, битка на поле или грабеж, постои 0% шанса да биде убиен. Овие генерали секогаш учествуваат во одбрана на нападите испратени кон поседот во којшто се назначени. Ако играчот не сака неговиот генерал да учествува во битка во одбрана, треба да го ослободи од позицијата. Ако не е назначен Генерал-заштитник, битката се спроведува како и секогаш, но без влијанието на бонусите од генералот.
Може да биде назначен само еден Генерал-заштитник во една иста провинција, колонија или воена станица. Голем човек може истовремено да биде Гувернер и Генерал-заштитник на една иста провинција или колонија. Од друга страна, тој не може да биде Гувернер и Генерал-заштитник на две различни места и не може да биде Генерал-заштитник на повеќе од едно место.
Гувернерските и генералските бонуси на Големиот човек влијаат само во поседот каде што тој е назначен на овие позиции.
Голем човек можа да биде и Генерал-заштитник и Генерал во напад. Но, кога тој е испратен на мисија, а во меѓувреме е нападната провинцијата/колонијата/воената станица којашто ја заштитува, тој нема да учествува во нејзината одбрана и војската нема биде под влијание на неговите вештини.
Еден Голем човек истовремено може да биде Гувернер и Генерал-заштитник само во еден посед и Гувернер и генерал во напад во два различни поседи. Војската од провинцијата во којашто е Генерал-заштитник нема да ги добива соодветните бонуси за одбрана додека тој е на мисија во напад. Во овој период, само војската со којашто е испратен ќе биде под влијание на неговите генералски бонуси. Откако нападот ќе заврши и Големиот човек ќе се врати, неговите заштитнички бонуси повторно ќе имаат ефект.
Кога играчот испраќа напад, автоматски се избира неговиот највешт и најискусен генерал. Ако играчот изречно не избере друг генерал на негово место, тогаш во напад го испраќа неговиот најсилен генерал.
Искуство на генерали
Искуството на позиција генерал се добива со секоја добиена битка против играчи во опсег x2, независен град или Варварски камп.
- Во секоја битка, како за напаѓачот, така и за бранителот, се формираат одредени "групи" со поени Искуство. После крајот на битката, победникот добива 100% од својата "група" Искуство, а играчот што загубил добива само 40% од својата "група".
- Разликата во нето економските поени на играчите е решавачка: колку што е послаб противникот, толку помалку поени ќе добиеш и обратно.
- Се пресметува разликата помеѓу нивоата на Генералите: ако твојот Генерал што не учествувал многу во битки победи Генерал што е ветеран во битките, тогаш твојот генерал ќе научи многу од ова искуство.
- Значајна е и големината на војската: ако се судрат поголеми војски ќе се добие повеќе искуство.
- Уроците на војната се сурови: бројноста на твоите жртви, како и жртвите на непријателот, допринесува за вкупното количетво добиено искуство.
- За подолга битка се дибива повеќе искуство. Со секоја рунда на битката се зголемува Искуството што се добива. Не се добива искуство за битка пократка од 6 Рунди.
- Напаѓачот што успеал да ја уништи Тврдината на непријателот добива дополнително искуство. Колку што е повисоко уништеното ниво на тврдината, толку е поголмо бонус Искуството.
- Искуството коешто се добива против компјутерски противник е со 25% помало од тоа што се дава за истата битка против играч.
- Никоја битка не може да му даде повеќе од 2 000 Искуство на еден Генерал.
Генерал добива поени искуство за успешна битка против независен град само еднаш. Ова значи дека кога истиот генерал ќе води друга битка против истиот независен град, тој нема да добие никакви поени. Ако друг генерал води битка против истиот независен град, тој ќе добие искуство бидејќи тоа ќе му биде прва битка против него. И повторно, за сите понатамошни мисии кон истиот град, тој нема да добива поени искуство. Генерал може успешно да победи неколку различни неутрални градови и потоа ќе добие искуство од секој.
Секој голем човек во дворецот собира искуство од позициите гувернер и генерал. Искуството за двете позиции се мери во поени. Собирањето на поени доведува до повисоко ниво искуство. Секоја позиција има 20 нивоа и за секое ниво е потребно одредено количество поени. Императорот е единствениот исклучок, тој може да има до 30 нивоа и за двете позиции.
Откако ќе стане полнолетен, секој голем човек играта ја започнува со 1-во ниво генерал и 1-во ниво гувернер, коешто му дава избор на играчот да избере по една вештина за секоја позиција. Потоа, зголемување на нивоа е возможно само откако големиот човек е назначен на позиција. Секое наредно ниво отвора можност да се додаде една вештина повеќе. Зголемување на ниво на генерал отвора една генералска вештина, а наредното ниво за гувернер соодветно отвора една нова гувернерска вештина.
Секој голем човек треба да собере 200 поени искуство на позиција гувернер/генерал за да премине кон 2-ро ниво. Потребните поени на ниво се покажани во табелата подолу во овој параграф. Еден поен искуство на позиција гувернер се добива за 1.5 минути.
Искуство Генерал / Гувернер | ||
---|---|---|
Ниво | Големи луѓе | Император |
1 | 0 | 0 |
2 | 200 | 200 |
3 | 465 | 422 |
4 | 795 | 666 |
5 | 1 190 | 932 |
6 | 1 650 | 1 220 |
7 | 2 175 | 1 530 |
8 | 2 765 | 1 862 |
9 | 3 420 | 2 216 |
10 | 4 140 | 2 592 |
11 | 4 925 | 2 990 |
12 | 5 775 | 3 410 |
13 | 6 690 | 3 852 |
14 | 7 670 | 4 316 |
15 | 8 715 | 4 802 |
16 | 9 825 | 5 310 |
17 | 11 000 | 5 840 |
18 | 12 240 | 6 392 |
19 | 13 545 | 6 966 |
20 | 14 915 | 7 562 |
21 | - | 8 180 |
22 | - | 8 820 |
23 | - | 9 482 |
24 | - | 10 166 |
25 | - | 10 872 |
26 | - | 11 600 |
27 | - | 12 350 |
28 | - | 13 122 |
29 | - | 13 916 |
30 | - | 14 732 |
Платено надоградување на искуство
Играчите можат да платат за повисоки нивоа искуство на нивните генерали и гувернери. Платената обука се извршува во Дворецот.
Играчот може да избере период за обука (помеѓу 1 и 48 часа) и на основа на периодот ќе добие поени искуство (опишани во табелата подолу). Секое ниво после првото на Генералштаб/Гувернерски штаб го зголемува за 5% добиеното искуство од обука. На секои 2 нивоа Генералски/Губернаторски штаб, се дозволува паралелна обука на уште еден голем човек со тоа што на 16-то ниво во соодветната градба може паралелно да се обучуваат до 8 големи луѓе.
Часови|Искуство
1 |25
2 |35
4 |55
8 |80
12|90
24|135
48|200
(Ова се основните вредности за брзина x1 и треба да се помножат со брзината на светот.)
Голем човек може да биде обучуван за генерал или гувернер дури и ако не е назначен на позиција. Во вакви случаи, надоградувањето на искуство може да си изврши само преку платена обука. Кога не е на позиција, Големиот човек не добива поени искуство. Обуката не им пречи на другите генералски/гувернерски должности. Додека Гувернер е на обука, тој останува на неговата позиција и провинцијата за којашто е одговорен продолжува да ги добива неговите бонуси. Додека Генерал-заштитник е на обука, тој продолжува да ја заштитува провинцијата и учествува во одбраната во случај на непријателски напад. Генерал може да биде испратен на мисија во напад додека неговата обука е во тек, обуката нема да биде прекината. Додека генералите и гувернерите се на обука, тие не можат да бидат испраќани во други империи за склучување на брак. Обуките можат да бидат скратувани со помош на дијаманти со тоа што цената за скратување на помалку од 1 час преостанато време е 850 дијаманти.
Таленти
Секој голем човек поседува помеѓу 1 и 4 вродени особини кои се нарекуваат таленти. Тие се наследуваат од мајката и таткото при раѓањето на случаен избор. Шансата да се роди дете со повеќе таленти се зголемува со зголемување на нивоата на градбата Дворец. Големиот човек ги поседува своите таленти од раѓањето до смртта и тие не можат да бидат променети. Императорот може да придобие уште една особина - Нечесен. Оваа особина се добива при нарушување на династички мир и не им се пренесува на следните генерации.
Секој вроден талент одговара на одредена вештина. Ако голем човек поседува вроден талент и неговата соодветна вештина, тогаш бонусот се сумира. На овој начин, луѓето со развиена вештина и соодветен талент достигнуваат повисок бонус од тие што одделно ги поседуваат талентот и вештината.
Пример: Голем човек поседува талент и неговата соодветна вештина. Неговата вештина е на 3-то ниво и му доделува 10% од бонусот. Талентот за истата вештина му доделува 5% од истиот бонус. Вкупно добива заедно од двете, т.е. 15% од истиот бонус.
Има специјални таленти кои само некои од големите луѓе можат да ги придобијат. Овие специјални особини не се поврзани со други вештини, но на сопственикот му даваат одреден бонус. Специјалните таленти се:
- Наследник - оваа особина се поседува единствено од наследникот на престолот. Бонусот кој се доделува е +5 морал во секоја битка и +5 дневно задоволство во провинцијата каде што е гувернер.
- Император - оваа особина е единствено во сопственост на императорот. Бонусот којшто го добива императорот е +10 морал во секој битка и +10 поени дневно задоволство во престолнината (императорот е секогаш гувернер на престолнината).
- Нечесен - оваа особина може да ја добие императорот ако го наруши династичкиот мир. Може да биде добиена повеќе од еднаш и тогаш ефектот се собира. При промена на императорот, оваа особина не се наследува. Казната е -5 морал во битка.
Вештини на големите луѓе
Вештините се особини кои Големите луѓе ги придобиваат во текот на нивниот живот. Големите луѓе можат да придобијат вештини преку зголемување на нивните нивоа искуство на позиција генерал или гувернер. На почетокот од играта не поседуваат никакви,но со секое достигнување на ново ниво искуство им се доделува по една нова вештина. Играчот избира една вештина од генерираните и таа му доделува определени бонуси.
Постојат два вида вештини: гувернерски и генералски. Секој голем човек може да придобие вештини и од двата вида. Секоја вештина има точно 5 нивоа и секоја од нив се придобива одделно. Кога голем човек го достигне следното ниво генерал или гувернер, играчот има можност да избира помеѓу 2 различни вештини. Кога голем човек зголеми ниво на позиција гувернер, ќе му бидат предложени 2 различни гувернерски вештини, а кога ќе зголеми ниво генерал, ќе му бидат предложени 2 генералски вештини.
Двете предложени вештини вклучуваат или веќе придобиени вештини на кои може да им е потребно надоградување или нови вештини. Првата од двете вештини нуди подобрување на веќе придобиена вештина. Втората ќе биде нова вештина и соодветно ќе биде на прво ниво. Ако големиот човек сѐ уште нема никакви придобиени вештини, ќе му бидат предложени 2 нови вештини по случаен избор.
Ако големиот човек поседува единствено вештини кои се на 5-то ниво, системот ќе му понуди 2 нови вештини по случаен избор. Ако големиот човек има само една вештина (и не е развиена до ниво 5), системот ќе му понуди надоградување за неа и 1 другa по случаен избор. Ако големиот човек има развиени нивоа (но не до 5-то ниво) од сите вештини освен една, системот ќе му понуди една вештина за надоградување по случаен избор и вештината што преостанала. Ако големиот човек ги поседува сите возможни вештини од 1-во и 4-то ниво, системот ќе му понуди 2 вештини по случаен избор за надоградување на тие што веќе ги има.
Ако понудените вештини не се задоволителни за играчот, тие можат да бидат сменети, со тоа што за 1700 дијаманти играта ќе генерира нови. Во случаите кога императорот умре или е убиен и друг Голем човек го наследи неговиот престол (наследник), ресетирањето на неговите вештини е бесплатно (ако веќе имал избрани вештини пред да стане император). Бесплатното ресетирање е еднократно. Понудените вештини можат да бидат променети најмногу 3 пати, а цената за промена е 1700 дијаманти. Играчот може во секое време да ги ресетира и избрише сите вештини, коишто ги поседува големиот човек. Како гувернерските, така и генералските вештини можат да биидат ресетирани, со тоа што ресетирањето се прави одделно и за двете позиции. Цената за ресетирање на вештините е 3400 дијаманти. Оваа опција е активна во соодветното гувернерско или генералско подмени во профилот на големиот човек.
* Во случај бонусите од вештини да надминуваат 90%, кое може да се случи со дополнителен бонус од управување Монархија, ќе имаат максималнен ефект 90%.
Изборот на вештините се извршува од профилот на големиот човек.
Ресетирањето на сите вештини не го поништува неговото искуство. Искуството во никој случај не може да биде одземено.
Големиот човек треба да поминал 6 на позицијата за да добие бонус од вештината.
Видови вештини
Генералски вештини:
- Командант на стрелци: го зголемува Нападот на сите единици Стрелци. Ниво 1: +2% напад; Ниво 2: +4% напад; Ниво 3: +6% напад; Ниво 4: +10% напад; Ниво 5: +15% напад
- Командант на пешадија: го зголемува нападот на сите Мечувалци и Копјеносци. Ниво 1: +2% напад; Ниво 2: +4% напад; Ниво 3: +6% напад; Ниво 4: +10% напад; Ниво 5: +15% напад
- Командант на коњаница: го зголемува нападот на сите единици Коњаница. Ниво 1: +2% напад; Ниво 2: +4% напад; Ниво 3: +6% напад; Ниво 4: +10% напад; Ниво 5: +15% напад
- Специјалист за опсада: го зголемува лимитот на Опсадните машини кои истовремено можат да ја напаѓаат Тврдината. Ниво 1: +2% лимит; Ниво 2: +4% лимит; Ниво 3: +6% лимит; Ниво 4: +10% лимит; Ниво 5: +15% лимит
- Напаѓач: го зголемува Моралот на војската во напад. Ниво 1: +2 морал; Ниво 2: +4 морал; Ниво 3: +6 морал; Ниво 4: +8 морал; Ниво 5: +12 морал
- Бранител: го зголемува Моралот на војската во одбрана. Ниво 1: +2 морал; Ниво 2: +4 морал; Ниво 3: +6 морал; Ниво 4: +8 морал; Ниво 5: +12 морал
- Чувар на тврдина: ги зголемува Животните поени на Тврдината. Ниво 1: +4% животни поени; Ниво 2: +6% животни поени; Ниво 3: +10% животни поени; Ниво 4: +14% животни поени; Ниво 5: +20% животни поени
- Убиец на генерали: ја зголемува шансата противничкиот Генерал да биде убиен ако победите во битката. Ниво 1: +5% шанса; Ниво 2: +10% шанса; Ниво 3: +20% шанса; Ниво 4: +30% шанса; Ниво 5: +50% шанса
- Бегалец: ја намалува шансата Генералот да биде запленет или убиен ако ја изгубите битката. Ниво 1: -5% шанса; Ниво 2: -10% шанса; Ниво 3: -15% шанса; Ниво 4: -20% шанса; Ниво 5: -25% шанса
- Ограбувач: ја зголемува Силата на грабеж на војската. Ниво 1: +4% сила на грабеж; Ниво 2: +6% сила на грабеж; Ниво 3: +10% сила на грабеж; Ниво 4: +14% сила на грабеж; Ниво 5: +20% сила на грабеж
- Запленувач: го зголемува Капацитетот на носивост на војската. Ниво 1: +4% капацитет на носивост; Ниво 2: +6% капацитет на носивост; Ниво 3: +10% капацитет на носивост; Ниво 4: +14% капацитет на носивост; Ниво 5: +20% капацитет на носивост
- Водич: ја зголемува Брзината на војската. Ниво 1: +4% брзина; Ниво 2: +6% брзина; Ниво 3: +10% брзина; Ниво 4: +14% брзина; Ниво 3: +20% брзина
- Гарнизонски тактичар: го зголемува капацитетот на Гарнизонот на Тврдината. Ниво 1: +4% капацитет на гарнизон; Ниво 2: +6% капацитет на гарнизон; Ниво 3: +10% капацитет на гарнизон; Ниво 4: +14% капацитет на гарнизон; Ниво 5: +20% капацитет на гарнизон
- Тактичар на поле: ги зголемува Животните поени на Војската на поле. Ниво 1: +1% животни поени; Ниво 2: +2% животни поени; Ниво 3: +4% животни поени; Ниво 4: +6% животни поени; Ниво 5: +10% животни поени
- Офанзивен тактичар: го зголемува Нападот на сите единици во војската што напаѓа. Ниво 1: +1% напад; Ниво 2: +2% напад; Ниво 3: +4% напад, Ниво 4: +6% напад, Ниво 5: +10% напад
- Заштитник на цивили: го зголемува бројот на заштитено непријателско население при грабеж, кој е дозволен од нивото на тврдина. Ниво 1: +10% население; Ниво 2: +20% население; Ниво 3: +30% население; Ниво 4: +40% население; Ниво 5: +60% население
- Заштитник на ресурси: го зголемува количеството заштитени ресурси при непријателско запленување, кое е дозволено од нивото на тврдина. Ниво 1: +10% ресурси; Ниво 2: +20% ресурси; Ниво 3: +30% ресурси; Ниво 4: +40% ресурси; Ниво 5: +80% ресурси
- Управник на воена станица: го зголемува лимитот на единици, коишто можат да се распоредат во воена станица. Ниво 1: +2% лимит; Ниво 2: +4% лимит; Ниво 3: +6% лимит; Ниво 4: +10% лимит; Ниво 5: +15% лимит
- Одбранбен тактичар: го зголемува Нападот на сите единици во одбранбената војска. Ниво 1: +1% напад, Ниво 2: +2% напад, Ниво 3: +4% напад, Ниво 4: +6% напад, Ниво 5: +10% напад
Гувернерски вештини:
- Инструктор на стрелци: го намалува времето потребно за обука на сите Стрелци. Ниво 1: - 5% време за обука; Ниво 2: - 10% време за обука; Ниво 3: - 15% време за обука; Ниво 4: - 20% време за обука; Ниво 5: - 30% време за обука
За да има ефект бонусот од вештината, Гувернерот мора на позицијата да поминал најмалку 6 часа во свет со брзина x4/2 часа во свет со брзина x10.
- Мајстор за опсадни машини: го намалува времето потребно за обика на сите Опсадни машини. Ниво 1: - 5% време за обука; Ниво 2: - 10% време за обука; Ниво 3: - 15% време за обука; Ниво 4: - 20% време за обука; Ниво 5: - 30% време за обука
За да има ефект бонусот од вештината, Гувернерот мора на позицијата да поминал најмалку 6 часа во свет со брзина x4/2 часа во свет со брзина x10.
- Инструктор на пешадија: го намалува времето потребно за обука на сите Мечувалци и Копјеносци. Ниво 1: - 5% време за обука; Ниво 2: - 10% време за обука; Ниво 3: - 15% време за обука; Ниво 4: - 20% време за обука; Ниво 5: - 30% време за обука
За да има ефект бонусот од вештината, Гувернерот мора на позицијата да поминал најмалку 6 часа во свет со брзина x4/2 часа во свет со брзина x10.
- Инструктор на коњаница: го намалува времето потребно за обука на сите единици Коњаница. Ниво 1: - 5% време за обука; Ниво 2: - 10% време за обука; Ниво 3: - 15% време за обука; Ниво 4: - 20% време за обука; Ниво 5: - 30% време за обука
За да има ефект бонусот од вештината, Гувернерот мора на позицијата да поминал најмалку 6 часа во свет со брзина x4/2 часа во свет со брзина x10.
- Дрвосечач: го зголемува производството на Дрво. Ниво 1: +2% производство; Ниво 2: +4% производство; Ниво 3: +6% производство; Ниво 4: +8% производство; Ниво 5: +12% производство
- Рудар: го зголемува производството на Железо. Ниво 1: +2% производство; Ниво 2: +4% производство; Ниво 3: +6% производство; Ниво 4: +8% производство; Ниво 5: +12% производство.
- Каменоделец: го зголемува производството на Камен. Ниво 1: +2% производство; Ниво 2: +4% производство; Ниво 3: +6% производство; Ниво 4: +8% производство; Ниво 5: +12% производство
- Даночен инспектор: го зголемува Златото добиено од даноци. Ниво 1: +2% злато; Ниво 2: +4% злато; Ниво 3: +6% злато; Ниво 4: +8% злато; Ниво 5: +12% злато
- Духовен водач: доделува бонус дневно Здоволство. Ниво 1: +2 задоволство; Ниво 2: +4 задоволство; Ниво 3: +6 задоволство; Ниво 4: +8 задоволство; Ниво 5: +12 задоволство
- Фармер: го зголемува капацитетот на Фармите. Ниво 1: 2% капацитет; Ниво 2: 4% капацитет; Ниво 3: 6% капацитет; Ниво 4: 8% капацитет; Ниво 5: 12% капацитет
- Архитект: го зголемува капацитетот на Куќите. Ниво 1: 4% капацитет; Ниво 2: 6% капацитет; Ниво 3: 10% капацитет; Ниво 4: 14% капацитет; Ниво 5: 20% капацитет
- Бирократ: ја зголемува Ефикасноста на поседот (до 100%). Ниво 1: +4% ефикасност; Ниво 2: +6% ефикасност; Ниво 3: +10% ефикасност; Ниво 4: +14% ефикасност; Ниво 5: +20% ефикасност
- Љубимец на народот: ја намалува шансата за Немири или Бунт. Ниво 1: -5% шанса; Ниво 2: -10% шанса; Ниво 3: -20% шанса; Ниво 4: -30% шанса; Ниво 5: -50% шанса
- Колонизатор: го намалува времето потребно за претворање на колонија во Неуништлива. Ниво 1: - 4% време; Ниво 2: - 6% време; Ниво 3: - 10% време; Ниво 4: - 14% време; Ниво 5: - 20% време
- Логистичар: ја намалува загубата на Задоволство во Колонија предизвикана од далечината до Престолнината. Ниво 1: - 4% загуба на Задоволство; Ниво 2: - 6% загуба на Задоволство; Ниво 3: - 10% загуба на Задоволство; Ниво 4: - 14% загуба на Задоволство; Ниво 5: - 20% загуба на Задоволство
- Мајстор трговец: го зголемува Трговскиот потенцијал на поседот. Ниво 1: +4% трговски потенцијал; Ниво 2: +6% трговски потенцијал; Ниво 3: +10% трговски потенцијал; Ниво 4: +14% трговски потенцијал; Ниво 5: +20% трговски потенцијал
- Трговец со ресурси: го зголемува капацитетот на Пазарот. Ниво 1: +10% капацитет на пазарот; Ниво 2: +20% капацитет на пазарот; Ниво 3: +30% капацитет на пазарот; Ниво 4: +40% капацитет на пазарот; Ниво 5: +60% капацитет на пазарот
- Таен агент: доделува дополнителни нивоа Контрашпионажа. Ниво 1: +1 ниво; Ниво 2: +2 нивоа; Ниво 3: +3 нивоа; Ниво 4: +4 нивоа; Ниво 5: +5 нивоа
- Работник од империјата: го зголемува лимитот на Задоволство. Ниво 1: + 2 задоволство; Ниво 2: + 4 задоволство; Ниво 3: + 6 задоволство; Ниво 4: + 8 задоволство; Ниво 5: + 12 задоволство
- Специјалист за фарми: дава бонус на капацитетот на фармите. Ниво 1: + 1000 капацитет, Ниво 2: + 2000 капацитет, Ниво 3: + 4000 капацитет, Ниво 4: + 6000 капацитет, Ниво 5: + 10 000 капацитет
Императорски вештини:
Овие вештини му се достапни само на Императорот.
- Врховен генерал: го зголемува искуството на сите Генерали. Ниво 1: +2% искуство; Ниво 2: +4% искуство; Ниво 3: +6% искуство; Ниво 4: +10% искуство; Ниво 5: +15% искуство
- Врховен гувернер: го зголемува искуството на сите Гувернери. Ниво 1: +2% искуство; Ниво 2: +4% искуство; Ниво 3: +6% искуство; Ниво 4: +10% искуство; Ниво 5: +15% искуство
- Љубимец на боговите: ги зголемува наградите од Храмот. Ниво 1: +1% награди; Ниво 2: +2% награди; Ниво 3: +4% награди; Ниво 4: +6% награди; Ниво 5: +10% награди
- Цивилен научник: го намалува времето за Истражувања во Универзитетот. Ниво 1: -1% време за истражување; Ниво 2: -2% време за истражување; Ниво 3: -4% време за истражување; Ниво 4: -6% време за истражување; Ниво 5: -10% време за истражување
- Воен научник: го намалува времето за Истражувања во Воениот универзитет. Ниво 1: -1% време за истражување; Ниво 2: -2% време за истражување; Ниво 3: -4% време за истражување; Ниво 4: -6% време за истражување; Ниво 5: -10% време за истражување
- Воен економист: го намалува Издржувањето на целата војска. Ниво 1: -1% издржување; Ниво 2: -2% издржување; Ниво 3: -4% издржување; Ниво 4: -6% издржување; Ниво 5: -10% издржување
- Банкар: ја зголемува каматата од банкарски Депозити. Ниво 1: +1% камата; Ниво 2: +2% камата; Ниво 3: +4% камата; Ниво 4: +6% камата; Ниво 5: +10% камата
- Експерт за транспорт: го зголемува капацитетот на Транспортните станици во сие поседи. Ниво 1: +5% капацитет; Ниво 2: +10% капацитет; Ниво 3: +15% капацитет; Ниво 4: +20% капацитет
-
Цивилен градител: го намалува времето за Изградба на Економски градби. Ниво 1: - 1% време за изградба; Ниво 2: - 2% време за изградба; Ниво 3: - 4% време за изградба; Ниво 4: - 6% време за изградба; Ниво 5: - 10% време за изградба
За да има ефект бонусот од вештината, Императорот мора да поминал најмалку 24 часа на позицијата.
-
Воен градител: го намалува времето за изградба на Воени градби. Ниво 1: - 1% време за изградба; Ниво 2: - 2% време за изградба; Ниво 3: - 4% време за изградба; Ниво 4: - 6% време за изградба; Ниво 5: - 10% време за изградба
За да има ефект бонусот од вештината, Императорот мора да поминал најмалку 24 часа на позицијата.
- Извидник: го зголемува радиусот за Извидување. Ниво 1: +4 Империјални милји, Ниво 2: +6 Империјални милји, Ниво 3: +10 Империјални милји, Ниво 4: +15 Империјални милји, Ниво 5: +25 Империјални милји
- Мајстор за шпионажа: доделува дополнителни нивоа Шпионажа. Ниво 1: +1 ниво; Ниво 2: +2 нивоа; Ниво 3: +3 нивоа; Ниво 4: +4 нивоа; Ниво 5: +5 нивоа